Монографија „60 години Витаминка“

Во присуство на голем број познати македонски стопанственици и претставници на бизнис секторот од Македонија, беше промовирана монографијата „60 години Витаминка“, посветена на успешната приказна за 6 децениското постоење, како и личниот придонес на Симон Наумоски, претседател на Одборот на директори на „Витаминка“ АД - Прилеп и неговиот ангажман за растот и развојот на компанијата.
 
Автор е Тачко Локвенец кој целосно е доследно хронолошки го долови развојот и расењето на компанијата како и важните одлуки создавањето на највредниот национален бренд Витаминка.
 
„Моето 44-годишно работно искуство во Витаминка ме научи дека внимателното, грижливото и домаќинското работење секогаш се исплати. Имало различни моменти во мојата кариера, и лесни и тешки. Но, секогаш сум имал среќа околу себе да имам одлични соработници, вработени и колеги кои верувале на одлуките на раководството и бескомпромисно се посветувале на обврските, работејќи одговорно. Сите овие човечки вредности заедно со потенцијалите и искористувањето на технолошките капацитети придонесоа денес „Витаминка“ да биде еден од најуспешните прехранбени производствени капацитети - лидер на македонскиот пазар и во регионот, пошироко. Со гордост можам да кажам дека Витаминка АД Прилеп денес претставува вистински репрезент на квалитет и успех“, изјави Симон Наумоски, претседател на Одборот на директори на Витаминка АД Прилеп.
 
На промоцијата на монографијата збореше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој истакна: Успехот на Витаминка несомнено е врзан за успехот на првиот човек на компанијата како претседател на Одборот на директори, кој сам по себе претставува бренд, ако се следи неговиот деловен развој паралелно со развојот на една од најуспешните македонски компании, лидер во прехранбената индустрија и производител со европски квалитет“. 
 
Монографијата фактографски и хронолошки ги следи сите структурни, оперативни и менаџерски промени во компанијата, иновативниот развој, проширувањето и патот во создавањето статус на најголем кондиторски производите во земјава. 

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.