Владо Јаневски со нов спот

Најновата песна на нашата музичка легенда Владо Јаневски, „Главен град на тагата“, доби и видео запис кој претставува уште еден резултат на соработката меѓу Витаминка и Јаневски. Спотот претставува и заеднички настап што ќе помогне за подобра промоција на Владо и Витаминка, како најсилни македонски бренда. Дадената поддршка од Витаминка е во насока на протежирање на македонската авторска музика и поттикнување на поголема креативност во музичката индустрија.

 

Владо Јаневски, кој важи за комплетен автор на најубавите и безвременски стихови од македонската поп музика, се потпишува како композитор и текстописец на песната, така што „Главен град на тагата“ е уште една во низата музички изданија  која сигурно ќе биде слушан летен хит. „Песната во себе носи убави и позитивни емоции, урбана приказна, ведар спот со  поддршка од бевзременски бренд како што е Витаминка. Значењето е уште поголемо затоа што не е само поддршка за мене како автор и уметник, туку е истовремено за македонската поп музика во целина. За нашата домашна музика би било добро и други компании да го следат примерот на Витаминка, која е синоним за квалитет, вредност и постојаност, бидејќи така поголем број убави македонски песни полесно ќе допрат до публиката“, изјави Владо Јаневски.

 
Песната „Главен град на тагата“ е уште едно авторско дело на Владо Јаневски, со аранжман на Роберт Билбилов и во продукција на Дарко Димитров. Режијата на спотот е потпишана од Бане Поповиќ а продукцијата на видеото е на Томато. Спотот е сниман во текот на јуни во Скопје на познати градски локации преку кои се пренесува и летната атмосфера, љубовта и младешкиот дух со кои зрачи и песната.
 
 

„Главен град на тагата“ е третата песна на Владо Јаневски чиј спот е снимен со поддршката од Витаминка по спотовите за песните „Ајде води ме“ и „Последна заблуда“. Под закрила на Витаминка и Авалон, Владо ќе одржи голем концепт во Античкиот театар во Охрид на 2 Август.

 
Спотот е достапен на следниов линк

https://www.youtube.com/watch?v=ovRrAhQ4osk

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.

Наумоски почесен претседател

Претседателот на Одборот на директори на Витаминка Симон Наумоски е назначен за почесен претседател на УО на регионална канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

Финансиска помош за херојот Марко

Витаминка АД Прилеп издвои финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро.