Aвто слалом трка

Денот на народното востание одбележан со авто трка и со поддршка од Витаминка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка „Прилеп – 11 Октомври“. Дел од овој настан беше и Витаминка со своите брендови, пред се како поддржувач на спортски рекреативни активности, но исто така и како компанија која ја негува градската традиција и ја почитува градската историја и придонесот во националната историја.

Воедно, после неколкугодишна стагнација одржувањето на авто слалом трката беше и втората трка од Државниот шампионат на Македонија во оваа категорија, а најдобрите учесници на ова државното првенство се бодираат за шампионатот во 2018 година.

На трката учествуваа 27 натпреварувачи од повеќе градови од нашата држава и возеа по патеката долга 1.200 метра. Учесниците се натпреваруваа во 5 класи, возила до 1.600 ццм, возила над 1.600 ццм, спортски возила до 1.600 ццм, спортски возила над 1.600 ццм и возила со турбо.

Натпреварот беше во организација на Авто картинг клубот „Скопје“ и се организираше по пауза од седум години. Значењето на настанот и на сите кои го поддржаа е големо затоа што помогнаа за градот да го врати спортскиот дух на автомобилизмот во Македонијаи како и во развојот на овој спорт.


Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.

Витаминка на саемот СИАЛ во Париз

Македонската компанија Витаминка е дел од најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз 2018.