Бабл фудбал забава на Д Фестивал

Адреналинската спортска атракција Цевитана Bubble Football продолжува во Дојран каде натпреварите ќе се одржат во склоп на Д фестивалот. Во текот на трите фестивалски дена, од 15-ти до 17-ти јули во авто кампот Партизан од 17-20 часот ќе се играат натпреварите меѓу пријавените тимови, а посетителите ќе можат да уживаат во новите вкусови на Цевитана и ова атрактивно фудбалско доживување.
 
Сите оние кои сакаат да пријават екипа за бабл фудбал треба да состават тим од 5 натпреварувачи на возраст од 15-45 години. Пријавувањето е во тек и се одвива на Фејсбук страната на Цевитана во инбокс: facebook.com/Cevitana.mk или може да се пријават непосредно пред турнирот, во самиот камп Партизан  во Дојран. За повеќе информации следете го и Facebook event-от: fb.com/events/1801461806765396/
 
За најдобрите и најталентирани во бабл фудбалот ќе има и награди, а како за натпреварувачите, така и за посетителите ќе следат и дополнително бројни подароци и изненадувања. Покрај возбудливиот турнир во фестивалскиот камп ќе биде поставен и Цевитана корнер каде камперите ќе може да се релаксираат и да се освежат со новите вкусови на Цевитана: манго, грејпфрут и мента и лимон.
 
Цевитана корнерот ќе понуди и други содржини и занимации, како, играње фудбалче, пикадо, табла и уште неколку други друштвени игри. 

Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил - Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Јованоски во посета на Витаминка

Посетата на компании кои што ја креираат локалната економија од страна Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски започна токму од Витаминка.

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.