Ни пристигнаа Бонитас!

Нови вкусни грицки станаа дел од семејството на Витаминка. Запознајте се со Бонитас!
 
Бонитас се солени производи во 3Д форма, достапни во три различни вкуса, звездено небо со вкус на пилешко, фишек пелети со вкус на пиперка и пелети во форма на ребраст чипс со солен вкус. 
 
Производите се во пакување од 30 грама и се достапни во малопродажба, а наскоро ќе бидат пуштени и пакувања од 60 грама.
 
 

Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Настанот е организиран од Тамато Маркет, Супер радио во соработка со Витаминка.

Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ , Витаминка ќе ја донира вишокот храна што не била вклучена во производниот процес.

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.