За првпат кај нас - Bubble Football

Подгответе се за многу забава и незаборавно доживување со Цевитана Bubble Football.
Нашата компанија, за првпат во Македонија, ова лето ќе организира Цевитана Bubble Football. На оваа нова и незаборавна адреналинска забава ќе се игра фудбал, а секој учесник задолжително на себе ќе носи бабл топка. 
 
Правилата во Цевитана Bubble Football се исти како и во регуларниот мал фудбал, координирани со судија. Сè што треба да направите е да создадете тим од пет играчи, да ги облечете бабл топките и слободно и забавно да се тркалате низ теренот, а притоа да бидете целосно заштитени. Бабл топката е проѕирна - костим топка на дување, изработена од 100% TPU материјал што не е токсичен и е безбеден за здравјето на оние кои играат.
 
Вашето учество во Цевитана Bubble Footbal е бесплатно со пријавување на вашиот тим на фејсбук фан страницата facebook.com/Cevitana.mk или можете да се пријавите и на лице место на настаните што ќе бидат организирани во повеќе градови во Македонија, почнувајќи од Струмица на 15-ти и 16-ти јули, 17, 18 и 19-ти јули во Дојран, 24 и 25-ти во Битола, 25-ти и 26-ти јули во Прилеп, од 30-ти јули до 9-ти август во Охрид и 29-ти и 30-ти август во Скопје. За учесниците следуваат многу изненадувања и интересни подароци.
 
Спортската забава Buuble Football е во организација на еден од најпознатите брендови на нашата компанија, Цевитана и во неа може да учествуваат фудбалски ентузијасти на возраст помеѓу 15-45 години и не потешки од 90 килограми, организирани во тимови од по пет играчи. Оваа игра не се препорачува за лица со висок крвен притисок, срцеви мани, епилепсија, како и за трудници. 
 
 

Aвто слалом трка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка

Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка...

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.