Cevitana Bubble Football во Маврово

Преку 150 учесници од разни фирми земаа учество на 14тиот аматерски хуманитарен велеслалом во Ски Центар Маврово што се одржа од 19ти до 21ви февруари 2016 година. Пред прогласувањето на победниците од ски трката, гостите и учесниците имаа можност да го искусат и најновиот хит, забавниот спорт Cevitana Bubble Football. Интересот за учество во играта беше голем каде се пријавија 15 екипи, а адреналинска забава во која што се играше поинаков, подинамичен и поинтересен фудбал го разбуди натреварувачкиот дух и придонесе за дополнително дружење помеѓу гостите во Маврово.
 
 
 
 

Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Настанот е организиран од Тамато Маркет, Супер радио во соработка со Витаминка.

Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ , Витаминка ќе ја донира вишокот храна што не била вклучена во производниот процес.

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.