Цевитана и Иџе заедно со младите

Kараванот на двократниот европски првак во автомобилизам Игор Стефановски Иџе, под наслов „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“ минатите две недели ги посети Битола, Ресен и Охрид.
 
Во друштво на Цевитана, Иџе уште еднаш ги посоветува младите околу безбедноста во сообраќајот, мотивирајќи ги да се занимаваат со спорт, да ја почитуваат фер играта, да бидат истрајни во тренинзите и внимателни во сообраќајот.
 
Симулаторите од академијата за возење на шампионот Стефановски предизвикаа голем интерес и возбуда кај младите кои беа задоволни и од подароците што за нив ги обезбеди Цевитана на „Витаминка“.
 
Охрид
 
 
 
Битола
 
 
 
Ресен

 

Стоби флипс во роденденско пакувaње

Со издавање на специјалното роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд.

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)