Цевитана повторно со Иџе

Европскиот шампион на ридски патеки, нашиот Игор Стефановски Иџе го претстави својот нов тим, екипата на Лема и возилото Сеат Леон, со кои ќе се натпреварува во престижното европско натпреварување ЕТЦЦ.
 
Во City Mall, македонската публика за првпат имаше прилика да се запознае со еден професионален авто рејсинг тим и дознае повеќе за тоа како функционира екипата со која Иџе ќе се обиде да ги задоволи амбициите и очекувањата во ЕТЦЦ натпреварувањето. Тој за првпат ќе вози во Европскиот шампионат на кружни патеки.
 
Мотив плус за Иџе и неговиот тим е и наградата за шампионот којашто по автоматизам обезбедува место за следната сезона во најпознатиот Светскиот шампионат ВТЦЦ.
 
Цевитана на Витаминка како повеќегодишен поддржувач на Игор Стефановски Иџе и понатаму ќе продолжи со поддршката за него и со верувањето дека тој со својата нова екипа и своето возило брзо ќе се адаптира и ќе продолжи да победува и радувајќи ги сите љубители на автомобилизмот. 
 
 

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.