Цевитана во друштво на Иџе

Двократниот европски првак во автомобилизам Игор Стефановски Иџе го започна својот караван „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“ во Домот на културата во Прилеп, минатата недела. Мисијата на проектот е спречување барем една сообраќајна несреќа.
 
Прилепските основци и средношколци, Иџе ги посоветува околу безбедноста во сообраќајот, притоа мотивирајќи ги да се занимаваат со спорт, да ја почитуваат фер играта, да бидат истрајни во тренинзите и внимателни во сообраќајот.
 
На настанот беа претставени возилото на шампионот, картингот и симулаторите од виртуелната тркачка академија „Стефановски“. Програмата опфати: професионален водител со толкувач за глувонеми; сведоштво од инвалидизирано лице; монодрама од Мите Грозданов на истата тема и претставник од Црвен крст кој ги запозна присутните ученици со протоколот во случај на несреќа и броевите 192 и 194.
 
Проектот беше поддржан и од еден од најјаките брендови во Македонија - Цевитана на „Витаминка“ како повеќегодишен поддржувач на Иџе. 
Стефановски посади и пет садници како свој придонес за почист воздух во Прилеп.
 
Караванот продолжи во Битола, а за оваа недела планирано е да се посетат Ресен, Охрид и Струга.
 
 
 
 

Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Настанот е организиран од Тамато Маркет, Супер радио во соработка со Витаминка.

Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ , Витаминка ќе ја донира вишокот храна што не била вклучена во производниот процес.

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.