Нови производи од „Витаминка“

novi-proizvodi Чоколадо 'Чоко-Кидс

Традицијата, љубовта и умеењето ги обликуваат чоколадните производи на „Витаминка“.
Млечното чоколадо „Чоко-Кидс“ се произведува со современа технологија од одбрани и рафинирани состојки.
Квалитетното млечно чоколадо се произведува во асортиман: млечно чоколадо „Чоко-Кидс“ 15гр во 4 различни бои на пакување.

Бонбони компримати FRESH

Лимон, ментол и ванила е новиот вкус на бонбоната *FRESH* од „Витаминка“. Овај нов вкус е јак и освежителен и го прочистува вашето грло.
Бонбоната е диететска и не содржи шеќер во нејзиниот состав. Исполнета е со вкусови на природна арома лимон, ментол и ванила и обоена со природен обојувач.

Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Настанот е организиран од Тамато Маркет, Супер радио во соработка со Витаминка.

Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ , Витаминка ќе ја донира вишокот храна што не била вклучена во производниот процес.

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.