Финансиска помош за херојот Марко

Витаминка АД Прилеп издвои финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро. Вредната донација следеше по информациите за храбриот потег на Марко, кој и покрај инфаркт на долните екстремитети успеа во својот подвиг.

 „Секогаш се обидуваме да помогнеме онаму каде е потребна помош. Во случајов потребна е финансиска помош за Марко да има голема иднина пред себе. Важно е што повеќе компании да се приклучат на оваа иницијатива за да има поголем ефект и да се креира вистинска поддршка за младиот пливач”, изјавија од Витаминка.

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.