Лицата со Даунов синдром со флешмоб

Центарот за младински активизам КРИК и Витаминка како главен поддржувач, во петокот на 24 октомври, по повод октомври – месецот посветен на лицата со Даунов синдром, во Skopje City Mall организираа интересен флеш моб.
 
Главни учесници беа лица со Даунов синдром кои 6 месеци вежбаа различни танцови точки и кореографии, а за целото време Витаминка им излегуваше во пресрет, безрезервно давајќи им ја својата поддршка и дел од своите производи.
 
Резултатот беше своевиден спектакл. Посетителите во Skopje City Mall беа воодушевени од одличната танцова изведба на лицата со Даунов синдром чиј флеш моб вистински ги изненади сите присутни.
 
Нивната енергија, посветеност и ентузијазам беа повеќе и од очигледни. Со овој настан покажаа дека нивното вклучување во општествените активности не треба да биде табу тема.
 
Витаминка на овој начин повторно ја покажа својата општествено одговорна страна, ја продолжи низата на донации од ваков тип и со придонесот ги мотивираше лицата со Даунов синдром да бидат одлични во својата изведба. 
 
 
 
 

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Управниот одбор на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп.