Фрути - најпопуларни меѓу Хрватите

Меките кекси на Витаминка, „Фрути“ се едни од највкусните, потврди оценката добиена од хрватските потрошувачи.

 

Овој заклучок е резултат на истражувањето спроведено од хрватскиот медиум „24 часа“. Истражувањето беше изведено на фокус група испитаници, составена од љубители на храна кои не знаеле чиј производ пробуваат, а нивните ставови и оценки се индивидуални, независни и нецензурирани. Од учесниците во истражувањето било побарано да дадат оценка за вкусот, квалитетот, обликот и чоколадото кај меките кекси со желе од портокал прелиени со чоколадо, кај потрошувачите познати како „Јафа“ меки кекси ("soft cake").

 

Меки кекси со желе од портокал и прелиени со чоколадо, имаат повеќе производители во Европа. Во истражувањето биле тестирани сите кекси од оваа категорија присутни на хрватскиот пазар (од 10-на производители),  меѓу кои од: "Jaffa" на Crvenka, "Katy" од Kaufland, "Tastino" од LIDL, "Frutti" на Витаминка, како и меките бисквити со желе на "Milka", "Budget" и "Kraš"

 

Испитаниците на „слепиот тест“ покажале дека највисоко го оценуваат вкусот на „Фрути“ кексите, а исто така и цената. По вкупниот број на дадени поени за квалитетот, обликот, вкусот и цената на "Jaffa" кексите од страна на учесниците во истражувањето, "Frutti"-те на Витаминка го зазедоа високото трето место пред „Црвенка“, „Милка“ и „Краш“.

 

Истражувањето покажало дека, според личниот впечаток на секој тестиран испитаник, високи оценки добиле и дел на оние меки бисквити со желе, што имале пониска продажна цена на пазарот. Ова покажува дека не секогаш високите цени значат и најдобар квалитет на понуденото.

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа