Ученици од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, ја посетија „Витаминка“ заедно со предметниот наставник по хемија Христина Манческа.
Прилепските гимназијалци се запознаа со работата на Хемиската лабораторија, каде директорот на Контролно-развојната лабораторија Натали Петреска и вработените во Лабораторијата им го демонстрираа начинот на контрола на суровините, полупроизводите, производите и амбалажата во „Витаминка“.
Управникот на работната единица „Чоколада“ Силва Цветаноска им ја претстави целокупната подготовка, производство и пакување на чоколадата.
Средношколците дегустираа и дел од богатиот асортиман на производи од „Витаминка“.
Со ова, „Витаминка“ уште еднаш покажа дека е отворена кон граѓаните и е високо општествено одговорна компанија, која нè случајно годинава ја доби националната награда за општествено одговорни практики.