Хуманитарна акција по повод Рамазан

По повод месецот на големиот муслимански празник Рамазан – Mесецот на постот, во соработка со хуманитарната организација Хилал и скопскиот муфтија, Х. Реџеп Јусуфи, Витаминка донираше 100 пакети со прехранбени продукти на жителите од најранливите групи на територијата на село Кондово, Скопско. 
 
На овој начин Витаминка повторно ја докажа својата значајна и одговорна улога во нашето општество и ги продолжи хуманитарните акции, што се значаен дел од функционирањето на самата компанија. Рамазан е исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар каде се практикува пост, молитва, солидарност и милосрдие.
Оваа акција е знак дека Витаминка е дел од таа солидарност.
 
 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија