„Хуманост без граници“ во Белград

Во пресрет на одбележувањето на роденденот на македонската поп ѕвезда Тоше Проески, Форумот на млади Македонци на 24-ти и 25-ти јануари во Белград организираше низа хуманитарни активности. Овој традиционален настан под назив „Хуманост без граници“ го поддржа и „Витаминка“ во чии рамки донираше пакети со производи за првите триесет крводарители кои ја покажаа својата хуманост и се вклучија во акцијата.

Организираните активности наидоа на голем одзив од граѓаните и сите оние кои го почитуваат ликот и делото на еден од најдобрите македонски амбасадори на хуманоста и на културата.

Хепенингот продолжи со забава на еден од белградските сплавови, каде гости од Македонија, освен претставници од „Витаминка“ беа и пејачките Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ кои ги забавуваа присутните хумани граѓани.
 
Оваа година сите собрани средства одат во фондот за помош на Националното здружение на родители со деца болни од рак- „НУРДОР“.  
 
 

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа