Идни нутриционисти во Витаминка

Група ученици од трета година од профилот Техничар Нутриционист од Хемиско - технолошката струка при СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп ја посетија „Витаминка“. Целта на посетата беше учениците во рамките на својата практична настава да се запознаат со постапките и технолошките процеси за добивање кондиторски производи, како и следење анализа во Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Директорот на контролно-развојна лабораторија Натали Петреска, ги запозна учениците и нивните професори со работата на лабораторијата и мерните инструменти. Беа направени неколку испитувања за квалитетот на некои суровини, а учениците беа запознати и со дел од правилата на испитување на суровините, полупроизводите и амбалажата, како и со фактот дека во „Витаминка“ не е дозволено да се згреши и на потрошувачот на пазарот да му се понуди неквалитетен производ. Токму затоа и контролата и оваа Лабораторија се многу важни за добивање стандарден и висок квалитет на производот.

Шефовите во Р.Е. „Чоколада и кремови“ ги запознаа учениците со технологијата на правење чоколада и составот на чоколадото, покажувајќи им ги какао ликерот и какао путерот во Лабораторијата како и нивната состојба на различни температури.

Учениците беа поздравени и од директорот на Сектор за правни и општи работи, Орде Ѓорѓиоски, кој ги запозна со можностите за нивно стипендирање на Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје, каде мометално „Витаминка“ стипендира 6 студенти, како и со подготвеноста на компанијата да излезе во пресрет на нивните барања за соработка при истражување, натпревари или некое друго барање што би наишло на индустриска примена.

Учениците пробаа и дел од широката палета вкусни и квалитетни производи на „Витаминка“.







 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.