Каролина ново заштитно лице

karolina-zastitno lice

Оригинален слатко солен календар, вака каролина Гочева, новото заштитно лице на „Витаминка“ го опиша календарот за 2011-та година на оваа компанија. Првите луѓе на „Витаминка“ најавија дека започнуваат нов начин на промоција на квалитетот на нивните производи. „Да се биде лидер е одговорна работа. Одговорна од секој аспект. Со оглед на тоа што сме компанија која постојано вложува, иновативна во секој поглед, донесовме одлука во 2011 година да направиме чекор напред во комуникацијата со јавноста. Чест ми е да најавам дека потпишавме договор со Каролина Гочева која стана наше заштитно лице“, изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на „Витаминка“. „Благодарам на „Витаминка„ коишто ме ангажираа за оваа соработка, за овој календар бидејќи пропаѓам на онаа генерација којашто буквално израсна со производите на „Витаминка“. Тука се разбира би ги спомнала најуспешните Стоби флипс коишто и ден денес се на моето секојдневно мени“, изјави Каролина Гочева, ново заштитно лице на „Витаминка“.

Aвто слалом трка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка

Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка...

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.