Кекси Деспина - здрава ужинка

Во поголемите маркети низ државата во период од 12 ноември до 27 ноември „Витаминка“ ги промовираше двата нови вкусови на интегралните кекси од брендот Деспина.
 
Сите купувачи освен што можеа да уживаат во грицкањето на кексите добија и подарок, а посетителите имаа можност да ги дегустираат новите вкусови на интегрален кекс со овесни снегулки со суво грозје и интегрален кекс со овесни снегулки и лешник.
 
Токму оваа комбинација на интегрално брашно, овесни снегулки и диетални влакна ја прави Деспина омилен оброк на сите оние кои сакаат да консумираат здрава, а во исто време енергетски вкусна ужинка.
 
Покрај новите вкусови, Деспина е достапна и во уште четири други вкусови: интегрален кекс со овесни снегулки, интегрален кекс со црно чоколадо, интегрален кекс со вкус на портокали чоколадо и интегрален кекс без шеќер.
 
 
 
 
 
 

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Управниот одбор на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп.