Ќесичките станаа чадор

Витаминка, како дел од компаниите-членки на системот на Пакомак, а воедно и еден од основачите на ова друштво, од август годинава е вклучена во големата кампања за рециклирање „Сакам да бидам“.
 
Компаниите основачи на „Пакомак“, во соработка со агенцијата Маратон избрендираа повеќе автобуси, по еден за секоја компанија, со различни еколошки пораки, секоја поврзана со дејноста на компанијата.
 
Автобусот избрендиран со логото на Витаминка и Стоби Флипс пренесува една главна порака, дека амбалажата од производите што ги користиме секој ден може да се рециклира во нов, корисен производ. Ќесичките со Стоби Флипс станаа чадор.
 
 
Витаминка активно партиципира во овој систем кој има основна цел да ја подигне еколошката свест во средината во која се делува и да се обезбеди кружно движење на амблажниот отпад.
 
 
Со оваа кампања во која учествува и Витаминка се потенцира нејзината општествената одговорност во делот на животната средина.
 

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.

Владо Јаневски со нов спот

Најновата песна на нашата музичка легенда Владо Јаневски, „Главен град на тагата“, доби и видео запис кој претставува уште еден резултат на соработката меѓу Витаминка и Јаневски.

Стоби флипс во роденденско пакувaње

Со издавање на специјалното роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд.