Косовска делегација во „Витаминка“

Официјална делегација од Општина Грачаница, Косово, ја посети „Витаминка“. Целта на посетата беше проширување на потенцијалите за соработка меѓу компанијата која е еден од најголемите македонски производители на кондиторски производи и Општина Грачаница.
 
Делегацијата имаше можност да ги посети производните погони на компанијата и да се запознае со целосната производна палета. Оваа средба  е во насока на унапредување на соработката. Косовскиот пазар важи за еден од најголемите извозни пазари за „Витаминка“, каде брендот Стоби Флипс е еден од најбараните странски брендови.
 
Делегацијата од Косово беше предводена од заменик премиерот, Бранимир Стојановиќ, градоначалникот на Општина Грачаница, Владета Костиќ, како и неговиот заменик, Љубинко Караџиќ. Како дел од делегацијата беа и началникот на Косовскиот округ Срѓан Петковиќ, правниот застапник на Општина Грачаница Негован Шарановиќ, претставникот од приватниот сектор, Јовица Дешиќ и претставникот на компанијата во Косово „Витаминка Трејд“, Расим Мрлаку.
 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.