Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка со цел стекнување вредни знаење и потврдени искуства за подобрување на растот на компаниите, како и за усовршување на деловните стратегии, перформансите и практиките.

 

При посетата во Витаминка, на гостите им беше овозможено пристап до производните линии, каде што се запознаа со производните практики, а во посебните сесии со менаџментот на компанијата им беа претставени предизвиците со кои се соочува компанијата, решенијата што ги имплементира и резултатите што ги има постигнато.

 

Посетата и реализираните разговори имаат за цел да им помогнат на косовските компании, да ја разберат својата ситуација, да го проценат пазарот и да одговорат соодветно на потребите на пазарот и на потрошувачите. Според гостите, изборот на компанијата чие работење беше претставено беше посебно добар и им овозможи сестрани знаења. Менаџирањето со просторот и со луѓето, дисциплината, хигиенските мерки и процесите со кои се запознаа, им дадоа вистински поттик за истражување на можностите и за унапредување на производните капацитети.

 

„Посетата ни даде можност да видиме од прва рака колку сериозно оваа компанија се занимава со работата, со секторската поделба и како го менаџираат просторот за секоја производна линија“, истакна Бујар Истрефи, генерален менаџер на Мисини.

 

Преку запознавање на производителите од секторот од Албанија со сопственото искуство, Витаминка поттикна позитивни промени во начинот на работење на компаниите учеснички и покажа висока свесност за општествена одговорност и поддршка на развојот на малите компании во регионот.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.

Витаминка на саемот СИАЛ во Париз

Македонската компанија Витаминка е дел од најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз 2018.