Крушевчани ја посетија „Витаминка“

Во рамките на годишната наставна програма, средношколци од трета година при СОУ „Наум Наумоски - Борче“ од Крушево, ја посетија П.И. „Витаминка“.
 
Крушевските средношколци се запознаа со процесот на производство на вкусните чоколада од најголемата македонска компанија за производство на кондиторски и снекс производи. При посетата на работната единица „Чоколада“ тие вкусија и дел од богатиот асортиман на чоколада, заклучувајќи дека нашите чоколада по вкусот и квалитетот стојат рамо до рамо со најголемите светски брендови на чоколада.
 
Посетата ја продолжија во Хемиската лабораторија на фабриката каде се запознаа со работата на лабораторијата, увидувајќи дека во „Витаминка“ сите суровини, полупроизводи, производи и амбалажа за производите постојано се контролираат, за да може да се задржи високиот квалитет на производите. За нивната внимателност при излагањето на шефовите и директоорот на лабораторијата, крушевските средношколци беа наградени со дегустација на поголемиот асортиман на производи од „Витаминка“.
 

Aвто слалом трка

Денот на народното востание во Прилеп беше одбележан со организирање на авто слалом трка

Косовски компании во Витаминка

Косовски компании стекнуваа знаење од Витаминка

Претставници на 17 косовски компании од прехранбената и кондиторска индустрија ја посетија Витаминка...

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.