Матуранти во посета на Р.Е. „Кекси“

Група ученици - матуранти од СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп од профилот техничар нутриционист ја посетија работната единица „Кекси“ на П.И. „Витаминка“. 
 
Целта на посетата беше учениците во рамките на практичната настава да се запознаат со производствените процеси во погоните на компанијата и лабораторијата за контрола на квалитет на производите, а кои се цел на изучување во нивните наставни предмети.
Управникот во Р.Е. „Кекси“ Жанета Присаѓанец ги запозна учениците со работата на оваа единица и начинот на производство. Емилија Консулоска, пак, ги запозна учениците и нивните професори со работата на лабораторијата во Р.Е. „Кекси“ и мерните инструменти. Беа направени и неколку испитувања за квалитетот на некои суровини и полупроизводи.
 
Учениците пробаа и дел од широката палета производи на „Витаминка“, заклучувајќи дека квалитетот на производите е на високо ниво и дека компанијата која секогаш во рамките на можностите излегува во пресрет на барањата на граѓаните е оштествено одговорна компанија со сериозен пристап кон животната средина.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.