Меѓународна награда за С. Наумоски

Симон Наумоски, Претседател на Одборот на директори на Витаминка добитник е на Златна плакета за Најменаџер и наградата за Животно дело во менаџирањето и бизнисот. Наградата ја додели Регионалната агенција за избор и промоција на најуспешните деловни луѓе и компании на територијата на Југоисточна и Средна Европа, Европското здружение на менаџери и магазинот Euromanager.
 
„Наградата има посебна тежина за мене затоа што доаѓа од регионално тело со високи вредносни критериуми и големо значење затоа што е во период кога прославуваме 60 години успешна работа на Витаминка. Сепак, не случајно овие две работи коинцидираат, односно токму денешниот статус на Витаминка и она што овој македонски бренд во прехранбената индустрија претставува како кај нас, така и во земјите од регионот е причина и повод за оваа награда и мое лично и големо задоволство. Да се биде избран меѓу сите тие истакнати менаџери и врвни личности е и голема чест исто така“, изјави Симон Наумоски, Претседателот на Одборот на директори на Витаминка по повод добивањето на наградата.
 
Симон Наумоски, во Витаминка во улога на менаџер, доаѓа во 1974 години кога компанијата беше попозната како Пиперана, производител на само еден производ, мелен црвен пипер. Во текот на овие 42 години успеа Витаминка да ја поведе низ најтешките и предизвикувачки периоди и да ја издигне на ниво на лидер на пазарот во прехранбената и кондиторската индустрија. 
 
Според организаторот на изборот, овие награди и признанија се потребни затоа што претендираат да го променат системот на вредности, каде најпризнати и најпочитувани би биле оние кои што придонесуваат за развојот на економијата и кои создаваат нови вредности. Манифестацијата се организира по 34ти пат и на овие простори во деловниот свет претставува истакнато и релевантно тело за валоризација на деловните резултати и менаџерските вештини. Во десет категории, за оваа престижна награда годинава беа номинирани околу 1000 менаџери и компании од сите области, а признание добија само дваесет и двајца најистакнати и најзаслужни.
 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.