„Меки кекси“ нов производ

meki-keksi Прехранбената индустрија „Витаминка“ ја заврши својата досега најголема инвестиција од своето постоење и го пушти во редовно производство новиот погон со површина од 9 500м2 и капацитет од 450кг на час, односно 2 000т годишно производство на меки кекси (soft cake) со чоколаден прелив и без чоколаден прелив, со и без додаток на овошни желирани маси.
Инвестицијата изнесува приближно 5,5 милиони евра, дел сопствени средства и дел кредит од EBRD во висина од 4 милиони евра. Целта на компанијата со оваа инвестиција е да ја зацврсти лидерската позиција во производството на прехранбени и кондиторски производи во Република Македонија и да го зголеми пласманот на пазарите на Балканот, но и на други пазари ширум светот.
„Витаминка“ како први на пазарот од новата палета на свои производи ќе ги пласира брендовите „Frutti“-Јаффа кекс и „Melodi“ од програмата на чајни чоколадирани кекси“. Во најблиска иднина овој асортиман ќе биде надополнет со нови висококвалитетни таканаречени Cookies proizvodi, mini pettit ber и сл.
Погонот има најсовремена висококвалитетна потполно автоматска линија за производство на кекси. Таа е набавена од реномирани производители од Европската унија, докажани со својот квалитет. Целата опрема е во согласност со барањата и стандардите за висок квалитет во EU за производство на прехранбени производи. Условите на производство на прехранбените производи во новиот погон, начинот на работа во него, но и правилата на однесување при работа со храна се усогласени со прописите кои ги утврдува HACCP стандардот. Изгледот и описот на работното место, поставеноста и уредувањето на просториите, примената на алатите за работа во овој погон исто така се според прописите на HACCP стандардот.
„Витаминка“ во припремниот период, за овој нов погон вработи и оспособи квалитетен млад стручен кадар во областа на производството и продажбата на својата идна палета производи. Политиката на фирмата е да инвестира во знаењето како сигурна база и гаранција за квалитетно работење во следниот период.
Моменталните активности и финансиски резултати потврдуваат дека "Витаминка" се повеќе го зголемува бројот на своите купувачи во земјава и во странство. „Витаминка“ го зголемува и бројот на земјите во кои успешно ги пласира своите производи.
Константиот висок квалитет на производите од „Витаминка“, привлечниот дизајн на поединечните пакувања, практичното транспортно пакување, навременоста на испораките и ниските продажни цени во однос на висококвалитетните производи се основните карактеристики кои ќе продолжат да ја одбележуваат компанијата. Резултатите од работењето во почетокот на годинава споредени со истиот период од минатата, кои покажуваат забележителен раст го поткрепуваат оптимизмот на менаџерите за иден успешен развој. Тие ни потврдуваат дека сите зафати кои ги превзеле во минатите години беа целосно оправдани и успешно завршени во планираните рокови.
Исти позитивни и подобри резултати очекуваат да ги следат и идните години.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.