Наградата 3ти Ноември за С.Наумоски

Претседателот на Одбор на директори на П.И. „Витаминка“ А.Д. Прилеп Симон Наумоски е добитник на годинашната 3-то Ноемвриска награда за животно дело што секоја година ја доделува Советот на Општина Прилеп. Оваа награда на Наумоски му се додели како општествено одговорна личност и креатор на брендот на прехранбената индустрија „Витаминка“, препознатлив како на домашниот, така и на странските пазари.

Симон Наумоски во „Витаминка“ доаѓа во далечната 1974 година кога фабриката се наоѓа во тешка економска и финансиска состојба, нарушени меѓучовечки односи и слаб пазар. Со упорна работа и помош од соработниците, од 1975 година Наумоски почнува да воведува нови производи и да бара нови пазари за „Витаминка“ на бившите југословенски простори. Развојот на оваа организација го следи и денес како Претседател на Одборот на директори.

Добитник е на повеќе признанија и награди, меѓу кои: Менаџер на годината добиена во 1995 година, Награда за животно дело 11 Октомври добиена во 1999 година и Награда од Македонската Православна Црква.

Последната 3-то Ноемвриска награда има посебно значење за Наумоски, затоа што ја добива од својот град и своите сограѓани, каде работи целиот животен век.

 

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа