Најмалите во посета кај нас

Прехранбената индустрија „Витаминка“ имаше чест да ги прими најмладите и најмали посетители во своите простории, угостувајќи ги со дел од широката палета производи.
 
Второоделенците од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп ја посетија работната единица „Кекси“ на „Витаминка“, каде се запознаа со начинот на производство на вкусните меки бисквити „Фрути“.
 
Дваесетината седум-осум годишни ученици не можеа да ја скријат својата возбуденост од посетата, постојано прашувајќи ги вработените технолози за машините, за постапката при печење и желирање на „Фрути“, за чоколадниот прелив и за нивното пакување, за на крај да заклучат дека готовите „Фрути“ се токму оние „што тие ги направија“ додека ја разгледуваа поставката на подготвување на овој мек бисквит.
 
Средбата меѓу вработените во „Витаминка“ и второоделенците од „Климент Охридски“ заврши со дегустација на повеќе производи. Дечињата радосни и среќни што виделе нешто ново и интересно, облечени во заштитна облека за посетители, ни раскажаа дека се наши редовни потрошувачи заедно со нивните родители и ни ветија дека оваа посета ќе ја заокружат со убави состави и песнички за нашата компанија.
 
 
 
 
 
 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија