Најмладите во посета кај нас

Триесетина дечиња од детската градинка „Наша иднина“ од Прилеп ја посетија „Витаминка“.
 
Нивната радост беше неизмерна кога видоа како се произведува нивниот омилен Стоби флипс. Нашите најмлади посетители го видоа и начинот на производство на интегралниот кекс Деспина. Тие беа радосни и среќни што за прв пат посетуваат една позната македонска компанија која ги произведува нивните најслатки и највкусни производи, забележувајќи дека сè околу нив е чисто и уредно.
 
Градинските деца, како што сами се нарекуваат, добија подароци од „Витаминка“ со производи ветувајќи дека повторно ќе нѐ посетат.
 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија