Нѐ посетија идните нутриционисти

Како општествено одговорна компанија „Витаминка“ е секогаш подготвена да излезе во пресрет на барањата на граѓаните, особено на младите кои сакаат да учат од нашите искуства. Така, група ученици од трета година од профилот Техничар Нутриционист од Хемиско - технолошката струка при СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп ја посетија нашата фабрика со цел во рамките на својата практична настава да се запознаат со постапките и технолошките процеси за добивање кондиторски производи, како и следење анализа во нашата Хемиската лабораторија.
 
Шефот на Хемиската лабораторија Олга Ристеска, ги запозна средношколците, идни нутриционисти и нивните професори со работата на лабораторијата и мерните инструменти. Беа направени неколку испитувања за квалитетот на некои суровини, а учениците беа запознати и со дел од правилата на испитување на суровините, полупроизводите и амбалажата, како и со фактот дека во Витаминка не е дозволено да се згреши и на потрошувачот на пазарот да му се понуди неквалитетен производ. 
 
Ана Кироваков, технолог истражувач ги запознаа учениците со технологијата на правење чоколада и составот на чоколадото.
Учениците пробаа и дел од широката палета производи на „Витаминка“, уверувајќи се уште еднаш во нивниот квалитет и добар вкус.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.

Владо Јаневски со нов спот

Најновата песна на нашата музичка легенда Владо Јаневски, „Главен град на тагата“, доби и видео запис кој претставува уште еден резултат на соработката меѓу Витаминка и Јаневски.

Стоби флипс во роденденско пакувaње

Со издавање на специјалното роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд.