Нов серијал за обичните суперхерои

Цевитана, како еден од најдобрите брендови на Витаминка и воопшто, една од најпрепознатливите трговски марки во Македонија, со своите две нови видео реклами продолжува да ја раскажува успешната приказна за обичните суперхерои. Витаминскиот пијалак што е наменет за освежување на сите генерации го опишува херојството од секојдневието на обичните луѓе, кои конзумирајќи го овој инстант пијалaк во очите на своите роднини, пријатели и партнери изгледаат ништо помалку од вистински суперхерои.
 
Новиот дизајн на пакување на Цевитана и неговиот иновативен изглед од силни и претпознатливи бои што ја отсликуваат внатрешноста на производот, како и врвниот квалитет на вкусови од портокал, лимон и ананас што ги задоволуваат потребите од витамини во дневната исхрана, даваат дополнителна вредност во секојдневието на луѓето кои се справуваат со предизвиците што ги носи денот.
 
Цевитана е добитник на наградата Супербренд и со својот квалитет претставува еден од најпознатите македонски производи којшто низ годините и генерациите постепено расте, се развива и се трансформира во секојдневен пијалак соодветен на желбите и потребите на потрошувачите.
 
 
 
 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија