Витаминка со нови производи

novi-proizvodi Витаминка со пет нови производи за два месеци “Ги следиме трендовите и постојано внесуваме иновации во нашите производи со цел да ги задоволиме барањата и желбите на потрошувачите креирајќи производ кои тие го бараат. Витаминскиот пијалак Цевитана, кексите Фрути и Деспина им се добро познати на нашите потрошувачи па сега ќе имаат можност да уживаат во повеќе вкусови. Новите производи не изостануваат од веќе добро познатиот квалитет на производите на Витаминка.” - изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.
Скопје(03.05.2011) – Изминатите два месеци Витаминка лансираше пет нови производи на пазарот, Цевитана со вкус на ананас и Валенсија портокал, Фрути кекс со овошно желе од малина и вишна и нов интегрален кекс Деспина прелиен со црно чоколадо. “Ги следиме трендовите и постојано внесуваме иновации во нашите производи со цел да ги задоволиме барањата и желбите на потрошувачите креирајќи производ кои они го бараат. Витаминскиот пијалак Цевитана, кексите Фрути и Деспина им се добро познати на нашите потрошувачи па сега ќе имаат можност да уживаат во повеќе вкусови. Новите производи не изостануваат од веќе добро познатиот квалитет на производите на Витаминка.” - изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка. Цевитана Ананас и цевитана Валенсија портокал се витамински инстант пијалаци кои содржат 9 витамини неопходни за нормално функционирање на организмот. Освежуваат и го зголемуваат внесувањето на витамини во секојдневната исхрана. Фрути кексите од вишна и малина се десерт од мек бисквит и овошно желе прелиено со висококвалитетно млечно чоколадо. Деспина е интегрален кекс со овесни снегулки, богат со природни диетални влакна прелиен со темно ниско калорично чоколадо. Претставува совршен баланс на здраво и вкусно.

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.