Обука за раководниот тим

Во рамките на планираните обуки за оваа година, шефовите и управниците во производство, како и дел од раководниот тим на „Витаминка“, учествуваа на еднодневната тренинг обука - Оперативно лидерство.
 
Обуката се одржа во салата за обуки на „Витаминка“. Предавач на обуката беше Часлав Манчиќ од ДООР Белград, познат интернационален предавач кој раководниот производствен тим на компанијата го запозна со седумте модули важни за раководителите на тимови.
 
Предавачот, на мошне елоквентен начин им ги претстави на присутните внатрешните двигатели на вработените со кои го реализираат својот потенцијал и ги ставаат на располагање вештините, способностите и знаењата во организацијата, потоа, причините за демотивација, десетте аспекти на работата кои ефикасно ги мотивираат вработените и предностите од тимското работење. Присутните на обуката беа запознати и со основните комуникациски аспекти, влијанието врз вработените, уметноста во раководењето и важноста од фидбекот.
 
Присутниот раководен тим во производството на компанијата на тренингот доби и сертификати за успешно завршената обука.
„Витаминка“ уште еднаш покажа дека се грижи за своите вработени вложувајќи во нивната обука како општествено одговорна компанија.
 

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија