Витаминка донираше пакетчиња

„Витаминка“ донираше новогодишни пакетчиња во Дневниот центар за лица со церебрална парализа во Скопје, со цел да ги развесели дечињата од оваа установа и да им ги направи поубави новогодишните празници.

 
При посетата која традиционално ја организира Црвениот крст на Република Македонија за Василица, учествуваше и македонската поп пејачка Елена Ристеска. Во добро расположение и дружба, пејачката им ги подели донираните пакетчиња на дечињата и ја продолжи забавата пеејќи македонски песни заедно со нив. 
 
Празничните денови секогаш се во духот на дарувањето и хуманоста, денови кога се споделува љубов и внимание. Токму затоа, Витаминка“ одлучи да се приклучи на оваа акција, како и на многу други за време на новогодишните празници, со цел да придонесе кон зголемување на среќата и радоста кај педесетината дечиња од Центарот.
 
Ваквите манифестации се од огромно значење за овие деца, па затоа мисијата на „Витаминка“ и оваа година е во поглед на хуманоста. Хуманите дела на компанијата, ја потврдуваат нејзината општествена одговорност. 
 
 
 
 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.