Поддржан маалскиот турнир во баскет

Годинава, „Витаминка“ со свои производи го поддржа традиционалниот турнир во баскет "KGJ 3x3 basketball tournament", што по трет пат се одржува во Прилеп.
 
Турнирот кој се играше под мотото „Баскетот е братство“ се одржа неделава на теренот на ООУ „Кире Гаврилоски Јане“.
На турнирот беа пријавени повеќе екипи во две категории, до 18 години и над 18-годишна возраст на учесниците натпреварувачи.
 
Организаторите на турнирот, млади ентузијасти, љубители на кошарката се потрудија да организираат убав настан што го одбележа уличниот баскет во Прилеп, а победниците добија подароци од официјалниот поддржувач на настанот Цевитана на „Витаминка“.

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија