Презентиран „ДНК на компанијата“

Во организација на Американската Стопанска комора во Македонија, во просториите на М6 Едукативниот центар во Скопје пред повеќе претставници од македонски компании и други организации, беа претставени три од најдобрите општествено одговорни практики, награди кои беа доделени во 2015 година.
 
На настанот своја презентација имаше и Душица Неделкоска како претставник од „Витаминка“, презентирајќи ја суштината на проектотот насловен „ДНК на компанијата“ за кој минатата година „Витаминка“ ја доби националната награда за општествена одговорност во категоријата Однос кон вработените.
 
Презентацијата и излагањето на Неделкоска предизвикаа интерес кај присутните кои продискутираа и за стекнатите искуства, начинот за постигнување безбедност и здравје при работа во секоја организација, особено интересирајќи се правилата и прописите на постигнување безбедност и здравје при работа, информирање и обучување на вработените во друштвото.
 
Модератор на настанот беше Пенка Цветкова, директор за развој на бизнисот и интернационални релации, Bulgarian Charities Aid Foundation. Во М6 едукативниот центар беа претставени уште два наградени проекти во минатата година.
 
 

Започна производството на Брилијант

Витаминка, по преземањето на штипски Брилијант го рестартира производството на познатиот бренд. За таа цел, во погоните во Штип повторно се ангажирани околу 70 поранешни вработени.

Стоби флипс 40 години насекаде

Стоби флипс слави 40 години, брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведен во прилепската компанија Витаминка.

Стојковска избрана за жена менаџер

Агенцијата Марили по 22ри пат ги избра 10те најуспешни жени менаџерки на Македонија. Меѓу десетте најуспешни и храбри жени е и Наташа Стојковска, Директор на набавка и логистика во Витаминка.