Прилепски студенти во Витаминка

Група студенти од Економскиот Факултет во Прилеп кои го слушаат предметот Бизнис логистика, ја посетија „Витаминка“ заедно со предметниот наставник проф. д-р Марика Башеска Ѓорѓиеска. Студентите, со работата на компанијата и производниот асортиман ги запозна Душица Неделкоска, одговорно лице за маркетинг во друштвото.  
 
Во оваа компанија за прехранбена индустрија, студентите имаа можност практично да се запознаат со она што го учат теоретски на Факултетот. Комерцијалниот директор на „Витаминка“ Владимир Трпаноски, пак, ги запозна студентите со логистичките активности на компанијата.
 
Групата студенти ги посети магацините на „Витаминка“ за амбалажа, суровина и готов производ, каде имаше можност да ги забележи движењата на материјалите и производите во компанијата. Исто така, тие се запознаа и со начинот на транспорт, допрема, складирање и отпрема на производите.
 
Оваа кратка, студентска посета на „Витаминка“, ја збогати практичната настава на студентите, а воедно им овозможи и да ја согледаат големата професионална организираност на Логистиката во компанијата.
 
 
 

Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил - Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Јованоски во посета на Витаминка

Посетата на компании кои што ја креираат локалната економија од страна Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски започна токму од Витаминка.

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.