На третиот по ред избор на македонски супербрендови, „Витаминка“ го доби престижното признание „Супербрендс“ за брендот „Стоби Флипс“, кој истото признание го има добиено претходните години во Македонија и во Косово. Свеченото доделување на признанијата „Супербрендс“ во Македонија се одржа на 10-ти декември годинава, во просториите на „Сити Хол“, во Скопје.
Ова признание е доказ за успешниот минат труд на „Витаминка“, квалитетот на препознатливиот „Стоби Флипс“, како на домашниот, така и на странските пазари, но и поттик за поголем раст и развој на компанијата во иднина.
Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка
Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.