Производи на Витаминка во Иран

Витаминка и PAKNAMAN ILIA MEHR COMPANY” (PIMCO), дистрибутерска компанија од Иран ја официјализираа својата соработка и потпишаа ексклузивен договор за извоз на македонски производи на пазарот во Иран.
 
Договорот се потпиша во Техеран, во Стопанската компора на Иран, каде присуствуваа Љупчо Велески, директор на извоз во Витаминка и Петар Стојковски, шеф во извоз во Витаминка, како и преставници од PIMCO меѓу кои и Мердад Сафдари, сопственикот на компанијата и Мади Амир Џафари, директор по продажба и маркетинг во PIMCO.
 
Иранскиот пазар е во дефицит на производи што ги пласира Витаминка, коишто се со врвен квалитет и достапни цени, па затоа главен дел од договорот се темели на извоз на чоколади и чоколадни производи, бомбониери и дигестивните кекси, произведени од Витаминка.
 
Договорот помеѓу Витаминка и PIMCO е пример и показател дека со работа и посветеност возможна е соработка меѓу две големи компании како што се Витаминка од Македонија и PIMCO од Иран. Овој ексклузивен договор со компанија од Иран преставува огромна чест и задоволство за Витаминка затоа што засега таа е единствената македонска компанија која склучила соработка со иранска компанија и тоа ќе остане запишано во историјата.
  
 

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.

Владо Јаневски со нов спот

Најновата песна на нашата музичка легенда Владо Јаневски, „Главен град на тагата“, доби и видео запис кој претставува уште еден резултат на соработката меѓу Витаминка и Јаневски.

Стоби флипс во роденденско пакувaње

Со издавање на специјалното роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд.