Витаминка на саем за храна во Солун

Целосната производна програма на Витаминка, кекси, чоколадна програма, флипсови, пудинзи и додатоци за храна беа изложени на Меѓународниот саем за храна Артозима, во Солун. Значењето на овој саем лежи во неговата цел – да одговори на растечката потреба од воспоставување на канали за соработка меѓу компаниите од соседните земји низ целиот Балкан.

 

Иако Витаминка како производител на широко портфолио е веќе позната и присутна во соседна Грција и голем дел од балканските земји, сепак учеството на саемот ни понуди и отвори уште многу можности за зголемување на нашите пазари и широка распространетост на нашите производи. Овој саем е еден од ретките кои покрај производителите излагачи, по принципот на претходно договорени состаноци и презентации, го обезбедува присуството и на стотици трговци и сопственици на малопродажни ланци скоро од цела Европа, па дури и од Кина и Кореа. Тоа се непроценливи деловни контакти и бизнис соработка за сите компании присутни на Артозима“, изјави Љупчо Велески, директор на секторот за извоз на Витаминка, која за прв пат годинава учествува на овој саем.

 
 
Артозима саемот оваа година се одржа првпат по пауза од шест години и неговото враќање е токму одговор на потребата на балканските компании за поврзување и развивање на соработка со компании од централно - европските земји. Во прилог на тоа, саемот беше дополнет со многу содржини организирани во соработка со значајни меѓународни организации со цел привлекување на посетители надвор од Грција, градење партнерство и деловни контакти

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.