Производите на Витаминка во Париз

Производите на Витаминка се најдоа во центарот на вниманието на најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз 2016. Компанијата се претстави со голем број од своите производни програми, а преку непосредни контакти и дополнителни активности побуди интерес и кај посетителите и кај самите изложувачи. Тимот на Витаминка, присутен на саемот е задоволен од претставувањето и реакциите на посетителите. 
 
„СИАЛ Париз е веројатно најголемиот и најпосетуван саем за храна и место за отворање на многу потенцијални пазари. Со 7000 изложувачи од 104 земји и уште илјадници посетители, бенефитите од тукашното присуство се бројни. Создавате визуелен идентитет на своите производи, го претставувате самиот производ и квалитетот и преку дополнителните активности, што овие манифестации ги нудат, ја пренесувате и сопствената приказна.
 
Искуството е навистина корисно, воспоставивме иницијални контакти, го проценивме и измеривме приемот од потрошувачите и добивме информации што многу ќе ни користат во понатамошната стратегија“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор Извоз во Витаминка.
 
Присуството на саеми е клучниот чекор во развојната стратегија на Витаминка, која што е редовно застапена на саемските манифестации низ целиот свет. Токму ваквиот пристап, воспоставувајќи директен контакт со дистрибутери, ланци на маркети но исто така и со самите потрошувачи, придоне производите и брендовите на Витаминка да бидат присутни во над 30 земји во светот.
 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.