Први добитници на Стобиранка

На првата Стобиранка беа извлечени 177 добитници од истоимената наградна игра на Витаминка и брендот Стоби. Еден автомобил Toyota Yaris, еден скутер Aprilia, пет ховерборди, десет ЛЕД телевизори, по десет таблети и смартфони како и уште 140 други награди, слушалки, спортски ранци и пакет производи, се наградите од ова извлекување.
 
Наградната игра продолжува и понатаму со уште два циклуса извлекување. Следното е на 27-ми ноември кога ќе биде доделен вториот автомобил Toyota Yaris и третото на 25-ти декември кога ќе биде извлечена главната награда, најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid. Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија.
 
За учество и можност за добивање на некоја од бројните награди, потребно е само да се соберат 5 празни кесички од Стоби Флипс, Чоко Стоби или од Стоби Стикс од кој било вкус и грамажа, да се стават во плик и пликот да се остави во видливо обележаните кутии во продажните места низ целата држава или да се испратат по пошта на адреса на компанијата.
 
Стобиранка со вкупен фонд од над 100.000 евра и со три циклуси на извлекување и наградување важи за една од највредните наградни игри организирани во земјава. Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото.
 
Извлекувањето на големите награди се емитуваше во живо на YouTube каналот на Витаминка во неделата на 23 октомври со почеток во 12:00 часот и на ТВ Сител во 18:45 часот.
Сите подетални информации за наградната игра како и листата на добитници ќе ги најдете на веб страната  www.stobiranka.mk.
 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.