Ребрендирана Цевитана

Нов иновативен дизајн, пакување и изглед на добро познатата Цевитана на Витаминка. Ребрендирањето е под слоганот „За обичните суперхерои“, наменувајќи го производот за сите нас кои, справувајќи се со секојдневието, сме херои на нашите животи.
 
„Со ребрендирањето на Цевитана сакавме да создадеме една нова приказна за овој семеен пијалак. Со новиот изглед на производот додаваме вредност на витаминскиот пијалак како дел од една животна приказна, како дел од секојдневието на обичните суперхерои - секој од нас што успешно се справува со предизвиците на денот. Идејата е да бидеме проактивни, да бидеме чекор понапред од конкуренцијата задржувајќи го високиот квалитет на производот“, изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.
 
Модерниот изглед, силните и интензивни бои, ја отсликуваат внатрешноста на производот, инстант витамински освежителен пијалак, што ги задоволува потребите од витамини во дневната исхрана. Со овие карактеристики, Цевитаната и понатаму останува пијалакот со кој што растеле родителите и нивните деца, со кој што ќе растат и новите генерации и ќе ги препознаваат хероите во лицата на своите родители.
 
„Во портфолиото на Витаминка има производи за сите возрасти, од 7 до 77 години, некои од нив се постари од дваесет и повеќе години, па така и Цевитаната е бренд кој што постепено растеше, се развиваше и се трансформираше соодветно на потребите на самиот производ, пазарот и потрошувачите. Промените во изгледот на еден бренд се потребни од многу аспекти, стратешките определби за менаџирањето со брендот, амбициите и аспирациите“, дополни Трпаноски.
 
 
 
Цевитана како еден од најдобрите наши брендови со својот редизајн само го зацврстува лидерското место на пазарот, а досега зад себе има голем број на награди, меѓу коишто е наградата за Супербренд.
 
Во продолжение и видео рекламата:
 

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Управниот одбор на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп.