СООПШТЕНИЕ

soopstenie Надзорниот одбор на Прехранбената индустрија "Витаминка", од Прилеп, на седницата одржана на 21 јуни 2010 год. го избра врвното раководство кое во наредниот период ќе ја води компанијата.
За Претседател на Управниот одбор останува и продолжува со работа Симон Наумоски, дипл.инг.технолог.
За нов Генерален Директор е именувано лицето Сашо Наумоски , дипл.економист, досегашен заменик на Претседателот на Управниот одбор и Ген. Директор, и
За заменик Претседател на Управниот одбор и Директор на Општиот сектор е именувано лицето Стеван Игнатоски, дипл. правник.
Стапувањето на должноста на овие лица на овие функции отпочнува веднаш.

22.06.2010 год.
Прилеп

Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Настанот е организиран од Тамато Маркет, Супер радио во соработка со Витаминка.

Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ , Витаминка ќе ја донира вишокот храна што не била вклучена во производниот процес.

Проект - Фабрика на знаење

Витаминка годинава беше партнер на Универзитетот ФОН во проектот Фабрика на знаeње во кој се спојуваат студентите и бизнис заедницата на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.