Соработка за големи задоволства

Во Витаминка воспоставивме редовна практика којашто полека станува и традиција, да ја поддржуваме македонската музика и нашите музичари затоа што веруваме дека музиката содржи и пренесува вистински вредности. Овој пат воспоставивме соработка со нашиот еминентен поп музичар и кантавтор, Владо Јаневски. 
 
Преку оваа соработка ќе се промовираат најдобрите македонски производи, а воедно се поддржува македонски поп музичар и македонската авторска музика во целост. Спојувањето на двата силни македонски бренда во различни сегменти ќе придонесе за нивно зацврстување и позиционирање како на домашниот така и на странските пазари.
 
Пријателството меѓу двата бренда започна со извонредната забава што Владо ни ја овозможи на нашата семејна прослава по повод 60 години постоење и успешна работа на Витаминка, а продолжи со конкретен производ, промоција на новиот спот на Владо Јаневски за песната „Ајде води ме“.
 
На промоцијата што се одржа пред голем број новинари, Владо изјави „името Витаминка значи вредност, традиција и искрен поддржувач и промотор на современата поп музика. Затоа чест и задоволство е да се застане покрај нешто што е успех веќе 60 години и што е длабоко присутно во нашите секојдневни животи. Од таа причина, покрај тоа што во оваа соработка влегувам со верба, истата има и емотивно значење за мене и мојата работа како музичар.“
 
Текстот за песната „Ајде води ме“ е авторство на Владо Јаневски, музиката ја напиша Момчило Бајагиќ, снимател и продуцент е Валентино Скендеровски, а аранжманот е на Никша Братош. Се снимаше во загребското студио NB и Enterprise во Скопје. Модел во видео записот, кој се снимаше на локации низ Скопје е Ана Коцева и е во продукција на Томато.

 
Пријателството што започна ќе продолжи и во следниот период и ветува уште многу дополнителни и интересни активности и изненадувања. Искрено веруваме дека и овој пат влегуваме во една долгорочна соработка што ќе вроди со големи задоволства за сите наши потрошувачи.

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Управниот одбор на П.И. „Витаминка“ АД Прилеп.