Стартуваше Цевитана „Бабл Фудбал“

Новинарски тимови го стартуваа Цевитана „Бабл фудбал“ турнирот во Македонија. Со меѓусебни пријателски натпревари и многу забава, дружба и спортски дух, ја најавија спортската атракција што за прв пат се одржува кај нас.
 
Струмица беше првиот град во Македонија каде се одржаа „Бабл фудбал“ натпреварите во кои учество зедоа повеќе граѓани кои уживаа во несекојдневната забава што ја подготви Цевитана на „Витаминка“.
 
„Бабл фудбал“ натпреварите продолжија викендот во Дојран каде интересот за овој забавен фудбал беше многу голем, па натпреварувачите чекаа ред за да ги облечат бабл топките и да уживаат во несекојдневната забава.
 
Со Цевитана „Бабл фудбалот“ овој викенд, пак, ќе се забавуваат битолчани и прилепчани. Интересот кај граѓаните е многу голем и тие секојдневно најавуваат тимови за фудбалската Цевитана забава.
 
Цевитана „Бабл фудбал“ е забавна спортска игра во која се игра фудбал, но, со бабл топка која секој учесник ја носи на себе. Бабл топката е проѕирна – костим топка на дување, изработена од 100%TPU материјал што не е токсичен и е безбеден за здравјето на оние кои играат. Откако ќе се облече топката и ќе се зацврстат ремените, играчите се фаќаат за рачките и играта започнува. Нозете се слободни за управување и шутирање на топката.
 
Пријавате го вашиот тим на нашата Facebook страница.  
 
Новинарски тимови 
 
 
 
Струмица
  
 
Дојран 
 

Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил - Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Јованоски во посета на Витаминка

Посетата на компании кои што ја креираат локалната економија од страна Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски започна токму од Витаминка.

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.