Стоби Флипс и Атлантис се Stubrands

Стоби флипс и Атлантис на Витаминка се омилените брендови за студентите. Двата производи се прогласени за PREMIUM STUBRAND врз основа на резултатите од истражувањето STUBRAND, каде со своите производи беше вклучен и прилепскиот производител на кондиторија.
 
Според анализата на истражувањето Стоби флипс има најголем позитивен имиџ кај студентите со дури 91 отсто позитивни одговори, Атлантис има позитивен имиџ кај  87 отсто од испитаниците. Со ваквите резултати и двата брендови ги исполнуваат критериумите за PREMIUM STUBRAND за 2015 година.
 
„Навистина е задоволство да се добие најголема оценка од студентите на Македонија, затоа што тие се најкритични и најискрени во своите ставови. Нив не можете да ги намамите да купат производ и да му веруваат ако не се сигурни во неговиот квалитет. Тоа е популација што постојано се информира, собира информации од интернет и знае да направи вистинска споредба. Тоа се наши потрошувачи чии желби треба да ги антиципираме. Тоа е нашата реалност. Затоа сме повеќе од среќни што сме премиум бренд на ова истражување“, изјавија од Витаминка.
 
Витаминка со своите производи беше дел од првото STUBRAND истражување во Република Македонија, кое опфати вкупно 291 брендови во 19 категории. STUBRAND е уникатно истражување на сегментирана категорија потрошувачи. Целната група врз која се спроведува истражувањето се студенти, односно млади лица на возраст од 18-27 години. Изборот на студентите како субјекти во истражувањето се темели врз премисата дека оваа потрошувачка група е многу значајна и во тековниот момент но уште повеќе во иднина. Пораката на STUBRAND е „Креирајте вистинска лојалност кон брендот кај студентите денес, и задржете ги засекогаш!“.
 
Резултатите од истражувањето се содржани во специјално подготвен извештај во кој покрај податоци за имиџот на секој од истражуваните брендови, достапни се уште и споредбени анализи на имиџот на брендовите во секоја од 19те категории. Според аналитичките критериуми на истражувањето, STUBRAND може да биде бренд кој има позитивен имиџ поголем од 50%, а PREMIUM STUBRAND може да биде бренд кој има позитивен имиџ поголем од 75% и процентот на Love одговори да е поголем од Like одговори.
 
 

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.