Стоби Флипс најсилен домашен бренд!

Стоби Флипс е прв на листата од домашните брендови во ТОП 10 брендови во Македонија за 2015 година.
 
Според истражувањето на компанијата Валикон која веќе 13 години ја истражува јачината на брендовите во секторот на производи за широка потрошувачка – FMCG, на просторот на поранешна Југославија, познатиот бренд на Витаминка го држи првото место од домашните брендови во листата од 10 најсилни брендови во Македонија за 2015 година. На целата листа за најјаките брендови кои што се присутни во Македонија, Стоби Флипс е на третото место.
 
Истражувањето на Валикон за моќта на брендот е спроведено преку основа на препознатливоста, искуството и користењето на истиот. Валикон како компанија е специјализирана за мали пазари, прилагодени решенија, современа методологија и блиска соработка со клиентите. Компанијата претставува една од водечките агенции за советување и испитување на пазарот на подрачјето на регионот на југоисточна Европа, со посебен фокус на земјите на поранешна Југославија.

Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил - Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Јованоски во посета на Витаминка

Посетата на компании кои што ја креираат локалната економија од страна Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски започна токму од Витаминка.

Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка.