Стоби флипс во роденденско пакувaње

Со издавање на специјалното роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е наменета за 40грамската, прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус.

 

Издавањето на роденденското пакување е важно затоа што покажува дека изгледот на Стоби флипс во изминатите 40 години не се изменил, исто како што остана ист и препознатливиот вкус и квалитет.  Вкусот и квалитетот се најважните карактеристики што го направија Стоби флипс бренд број 1 кај повеќе генерации потрошувачи.
 
Роденденскиот Стоби флипс е достапен на полиците во продажните места насекаде низ државата.

Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина.

Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods)

Наумоски доби признание од СКМ

Специјално признание од Стопанската Комора на Македонија за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат бизнисмен и претседател на Одборот на директори на „Витаминка“ АД Прилеп.